1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конференција против биолошко оружје

Денеска во Женева почнува редовната конференција против биолошкото оружје.

Научник во заштитно одело

Научник во заштитно одело

Таа се одржува секои пет години, а главна цел е обидот да се создадат меѓународни механизми за контрола на примената на конвенцијата против создавање таков вид оружје за масовно уништување. Главен кочничар на сите досегашни напори се САД.

На Конференцијата во Женева ќе учествува и генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, за кого ова ќе биде еден од последните настапи во јавноста. Пред да ја напушти функцијата на крајот од годинава, Анан уште еднаш ќе апелира до совеста на земјите членки на Светската организација да најдат решение што ќе овозможи контрола на примената на меѓународната конвенција против биолошкото оружје. Нејзе до сега ја потпишаа вкупно 155 држави.

Но, конвенцијата има темелна слабост, а тоа е недостатокот на контролни механизми. Освен тоа не се предвидени ни санкции против земјите, кои ја кршат конвенцијата. Сите досегашни обиди да се донесат одлуки во таа насока наидоа на решителен отпор од САД, што е своевиден парадокс. Токму светската супер сила живееше во страв по атентатите од 11. септември 2001-та дека може да стане цел на напад со бактериолошко оружје. Се појави и серија писма со закани за напад со смртоносната бактерија антракс. Толку колку што се познати детали од истрагата за писмата, нив ги испраќал еден исфрустриран американски научник. Но, официјален Вашингтон и понатамау одбива механизми што ќе подразбираат контроли и во американските лаборатории.

Експертите во европското седиште на ОН во Женева се надеваат дека претставниците на државите потписнички на Конвенцијата ќе донесат анекс со дополнителни принципи, со кои ќе се поправат слабостите на документот од 1975-та година. Втората главна цел на средбата е да се анимираат што е можно повеќе држави да ја потпишат конвенцијата и со тоа да се обврзат дека нема да развиваат и произведуваат бактериолошко оружје за масовно уништување. Ова е важно бидејќи се‘ уште има голем број земји од кризните региони, како што е на пример Блискиот исток, кои не се потписнички на Конвенцијата.