1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конференција на Јадранската група и САД во Вашингтон

Американските владини претставници сметаат дека Хрватска, Македонија и Албанија ги исполнуваат сите критериуми за влез во НАТО и потврдија дека ќе се залагаат за испраќање покани за вчлез во НАТО е пораката од Вашингтон

default

Вашингтон

Министрите за одбрана на Хрватска, Македонија и Албанија остварија серија средби во Вашингтон, а беа пречекани на највисоко ниво со сите државнички почести. Според американскиот помошник министер за одбрана Даниел Фата, трите земји се многу важни стратешки партнери на САД и се квалификувани да добијат покани за НАТО. Освен за проширувањето на Алијансата, на состанокот се разговарало и за состојбите во регионот по прогласената независност на Косово. Тројцата министри ја подржаа независноста на новата држава. Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски на прес конференцијата по состанокот оцени дека не очекува независноста на Косово да предизвика пошироки проблеми во регионот, иако не ја исклучи можноста за помали инциденти. Еленовски е убеден дека сите евентуални инциденти ќе се задржат на косовска територија. Хрватскиот министер Вукалиќ потврди дека неговата земја го подржува планот на Ахтисари за Косово, додека неговиот албански колега Мејдиу оцени дека независноста на Косово е многу важен настан за целиот регион. Тројцата министри и нивните американски домаќини најавија соработка и со земјите од центарлен Балкан, поточно БиХ, Црна Гора и Србија, за нивно понатамошно приклучување кон Јадранската група.