1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конференција за Сирија: Последна шанса за дипломатијата?

По повеќемесечни подготовки во Швајцарија започна мировната конференција за Сирија. Средбата е засенета од новите обвинувања против сирискиот режим за систематски мачења на затвореници.

По деветмесечни напори на меѓународната заедница во швајцарскиот град Монтре денеска почна меѓународната конференција за Сирија, позната какао Женева-2. Домаќин на конференцијата е генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој на почетокот истакна дека средбата може да биде знак за нов почеток во барањето решение за крвавиот конфликт во Сирија.

На конференцијата учествуваат претставници на сириската влада, на сириската опозиција, делегации од над 40 држави и регионални сојузи, меѓу кои и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери.

Непосредно пред почетокот на Конференцијата, САД повторно ставија на знаење: локалниот прекин на огнот и хуманитарната помош не се никаква замена за трајно и сеопфатно мировно решение. Ослободувањето на затворениците, овозможување пристап на хуманитарните организации до населението и договорите за прекин на огнот во одделни региони може да значи чекор напред во планираните преговори меѓу завојуваните страни, изјави Кери кој претходно се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров.

По конференцијата в петок во Женева е предвидено да почнат преговорите меѓу делегацијата на сириската опозиција и на сириската Влада.

На Конференцијата, т.н. Женева 2, првпат по почетокот на бунтот против сирискиот претседател Башар ал-Аасад пред три години, на иста маса ќе седат претставници на власта и на опозицијата. Основа за новите разговори е компромисот постигнат на првата Женевска конференција за Сирија во јуни 2012. година, кој впрочем не беше никогаш реализиран. Тој предвидуваше прекин на огнот, ослободување на политичките затвореници и формирање преодна влада со учество на опозицијата.