1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конференција за рано предупредување

Преку 1.200 политичари, експерти и научници од 140 земји во Бон разговараат за практичните мерки за заштита од природни катастрофи.

Бил Клинтон и Франк Валтер Штајнмајер на Конференцијата во Бон

Бил Клинтон и Франк Валтер Штајнмајер на Конференцијата во Бон

Мотото на тридневната меѓународна конференција што ја организира германската влада, а стои под покровителство на ООН, е „Од концепт кон акција„. Честа да ја отвори му припадна на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер:

„Раното предупредување може да функционира на различни начини, понекогаш и без висока технологија и без големи финансиски вложувања. Наша задача е да се исползува секоја можност, од една страна секако најновата технологија, а од друга традиционалните сознанија. Во секој случај раното предупредување во случај на природни катастрофи е задача на меѓународната солидарност, исто како и помошта во случај на катастрофи„ – порача Франк Валтер Штајнмајер на почетокот од Третата меѓународна конференција за рано предупредување.

Пронаоѓањето на пропустите во глобалниот систем за предупредување во случај на природни катастрофи и нивно отстарување е одговорност на целата меѓународна заедница, посочи потсекретарот на ОН, Јан Игеланд.

„Мораме да одиме кај луѓето, кои се загрозени и да им помогнеме да сфатат за пто станува збор и активно да ги вклучиме во изградбата на нивни системи за рано предупредување.„

Игеланд порача дека со соодветни системи би имало многу помал број жртви при природните катастрофи како цунами брановите во 2004-та, поплавите и земјотресите ширум светот. Овие системи се глобален приоритет, се согласува и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој е сега вонреден амбасадор на ОН за обнова во регионите погодени од цунами:

„Системите за предупредување се клуч за намалување на ризикот. И богатите земји ќе заштедат многу, доколку инвестираат во вакви системи, наместо подоцна да плаќаат хуманитарна помош за настраданите.„