1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Конференција за надминување на насилството

*

Во Кабул денеска започнува тридневна конференција на која ќе се бараат нови патишта за надминување на насилството во регионот. На средбата ќе учествуваат околу 650 племенски водачи, политичари и религиозни лица од Авганистан и Пакситан. Конференцијата треба да ја отворат претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и пакистанскиот премиер Шукат Азиз. Претседатлот Первеш Мушарав краткорочно го откажа учеството. Околу 60 делегати од Пакистан најавија дека ќе ја бојкотираат конференцијата, покрај другото и поради тоа што Талибанците не се поканети да учествуваат на средбата.