1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Конференција за Либан

*

Под француско покровителство во близината на Париз се одржува средба на претставниците на страните во конфликтот во Либан посветена на можностите за обнова на политичкиот дијалог во земјата. На дводневната средба покрај 13-те политички групации, учествува и шиитскиот Хезболах. Меѓу темите се и можноста за формирање влада на националното единство, потоа претседателските избори планирани за наесен и реформа на изборното право. Не се очекува значаен пробив зашто позициите меѓу владата на премиерот Фуад Синиора и опозицијата предводена од просирискиот Хезболах се дијаметрално спротивставени.