1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конференција за контрола на ситното оружје

Во Њујорк се одржува втората конференција на ОН против ситното оружје.

Околу 7.000 парчиња расходувано ситно оружје се употребени за скулптурата изложена во седиштето на ОН во Њујорк

Околу 7.000 парчиња расходувано ситно оружје се употребени за скулптурата изложена во седиштето на ОН во Њујорк

Претставници од 150 држави го разгледуваат постигнатото во изминатиот период од донесувањето на програмата за акција во 2001-та. Вчера, на почетокот од конференцијата, беше претставен извештајот на ОН за состојбата со нелегалното ширење на ситното оружје.

За почеток добрата вест: сепак е нешто постигнато на полето на контролата на ситното оружје. Оваа тема е во фокусот на интересирањето на меѓународната заедница и има и првични успеси – на пример уништувањето на 190.000 пушки во Камбоџа.

По добрата следи и лошата вест:

„Во наредните 10 до 15 години ќе бидат нарачани најмалку 10 милиони нови парчиња ситно оружје за модернизирање на армиите. Клучното прашање при тоа е: што ќе се случи со старото оружје?„ – се прашува авторот на извештајот, професорот Кеит Краузе. До сега многу мал дел од застареното оружје бил уништен. Најголемиот дел е препродаден на посиромашните земји или пак дури подарен, таму каде што имало политички интерес. Револвери, пушки и рачни фрлачи го преплавуваат светот. Слабата законска регулатива, недоволната контрола на складиштата и корупмираните воени лица овозможуваат ваквите огромни залихи на оружје релативно лесно да се најдат во рацете на криминални банди или бунтовници. Само во руските касарни се складиштени 30 милиони парчиња рачно оружје, во Северна Кореја има 14 милиони, во Виетнам речиси 10, а во Украина 7. Затоа генералниот секретар на ОН, Кофи Анан порача:

„Оружјето е можеби ситно, но води кон масовно уништување!„

Од донесувањето на програмата за акција во 2001-та година, во светот се застрелани 1,8 милиони лица. Од нив по 200.000 годишно се жртви на ситно оружје. 50% од нив се млади мажи меѓу 15 и 29 години. На пример во Колумбија секој десети смртен случај е последица на куршум.

„Ситното оружје лесно може да се купи, лесно се користи и се транспортира. Неговото постојано ширење поттикнува конфликти и прогони, го нарушува владеењето на законот и поттикнува култура на насилство и безаконие„ – порача Анан. Затоа тој бара од сите земји производители на оружје, вклучувајќи ја и Германија како четврта во светот, подобри контроли, побезбедно чување и уништување на застареното оружје.