1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конференција за Ирак

Во египетското одморалиште Шарм ел Шеик денеска започна дводневна меѓунардона конференција за состојбата во Ирак,на која се дискутира пред се за финансиската помош и за борбата против тероризмот и стабилизирање на безбедносната ситуација.Присутни се претставници на околу 30 држави

Малики на конференцијата во Шарм ел Шеик

Малики на конференцијата во Шарм ел Шеик

Ирачкиот премиер Нури ал Малики на почетокот на меѓународната конференција побара целосно простување на старите долгови на неговата земја,кои изнесуваат околу 50 милијарди долари.Само така Ирак може да започне со нужната обнова на земјата.Истовремено Малики вети национално помирување и натамошни брзи реформи,кои ги бараат пред се Америкаците и владите на околните земји, кои се пред се сунитски.

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари ја подвлече важноста на конференцијата:

„Мислам дека ова емногу важна средба за стабилноста на Ирак и на регионот. Ќе се обидеме сите различни ставови да ги обединиме во една цел: да овозможиме меѓународната заедница да го извршат својот дел од помошта кон ирачката влада за стабилизација на ситуацијата.“

И американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс на почетокот на конференцијата потенцира дека иднината на Ирак има влијание врз сите учесници.Она што се случува овде,има консеквенци кои не засегаат сите нас:

„Ние сите во една или друга прилика имаме силен интерес за стабилен Ирак.Сега е време секоја земја оваа цел да ја поткрепи со дела“,потенцира Рајс.

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер потсети на средствата кои веќе се вложени во Ирак.ЕУ на пример од 2003 година на располагање ставила околу 13 милијарди евра финансиска помош.Германија досега ја поддржала обновата на Ирак со вкупно 4,5 милијарди евра,од кои голем дел отпаѓа на раздолжување на земјата и на помош за обука на безбедносните сили.

Штајнамер уште пред конференцијата изјави дека подобрувањето на економската ситуација во Иарк ќе се одрази и врз зајакнуавњето на безбедноста ,а полесно би било ако во напорите се вклучат и Сирија и Иран.Не е исклучено дека претставниците на овие две земји,на кои им се префрлува дека го поддржуваат тероризмот во Ирак,ќе се сретнат директно со Американците.Рајс не сиклучи можност за средба со иранскиот колега Манучер Мотаки.И иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изразил интерес за средба со САД на маргините на конференцијата во Шарм ел Шеик.