1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Конференција за Дарфур

*

Меѓународната конференција за регионот Дарфур која се одржа во Париз освен ветувањето за засилена поддршка на мировните напори и политичкиот процес за ставање крај на насилството во овој регион, не донесе конкретни резултати. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека Германија нема да учествува со војници во планираните мировни сили на ОН. Франција, која планира да испрати најголем број војници смета дека мировните сили можат да се распоредат во регионот на почетокот на идната година. На состанокот покрај генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун учествуваа и министрите за надворешни работи од 20 земји. Немаше претставници на Судан и АУ.