1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конференции има, волја нема

Според германскиот експерт за Блискиот исток, Михаел Лидерс, за регионот имаше доволно меѓународни конференции.

default

Без волја за решавање на конликтот џабе сите конференции

Она што недостига е волјата: Палестинците да се откажат од насилство, а Израел да се повлече од окупираните територии. Во интервју за телевизија Дојче веле, Лидерс изјави:

„Основиот проблем на блиско-источниот квартет кој веќе четири години нередовно заседава, е во тоа што нема можност она што ќе го заклучи да стане и обврска. Може да нуди препораки, но страните во конфликтот не се обврзани со нив. Значи, ако владата во Израел и САД сакаат да одат по други патишта од оние што ги договара блиско-источниот квартет, тогаш не може ништо да се направи„.

На прашањето како ја гледа улогата на бившиот британски премиер Тони Блер како нов специјален претставник за Блискиот исток, Лидерс вели:

„Тој нема мандат да води вистински преговори меѓу Израелците и Палестинците. Најмногу може да ги надгледува исплатите на средствата за Палестинците. Но, во тоа што ќе го прави нема вистинска политичка моќ. Од тие причини, неговата улога е повеќе симболичка„.