1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Контроверзни добитници на Нобеловите награди за мир

Нобеловите награди за физика или хемија ретко предизвикуваат контроверзи. Сосема поинаку е со Нобеловата награда за мир. Нејзиното доделување, редовно ја возбудува политиката, а честопати предизвикува и страстни дебати.

default

Медалот со ликот на Алфред Нобел им се доделува на сите добитници на Нобеловата награда

Кога лидерот на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Јасер Арафат во 1994 година заедно со Јицак Рабин ја доби Нобеловата награда за мир, тоа не наиде на критика само меѓу Евреите. Човекот со палестинска шамија и футрола за пиштол беше награден за неговите напори за постигнување мир на Блискиот Исток. Години подоцна, кога пропаднаа преговорите за самостојна палестинска држава во Кемп Дејвид, тогашниот американски претседател Бил Клинтон го посочи Арафат како единствен виновник за тоа.

Bildgalerie Arafat Nobel Friedenspreis in Oslo

Арафат (прв од лево) за време на врачувањето на Нобеловата награда за мир, во Осло во 1994 година

Лидерот на Палестинците беше контроверзна личност во текот на целиот живот. Тој беше обвинуван за корупција и поддршка на терористички активности. Тој самиот, барем во подоцнежните години од животот, јавно се дистанцираше од теророт:

„Ние сме против тероризмот и ја поддржуваме меѓународната заедница во нејзините напори за заштита на мировниот процес на Блискиот Исток“, истакна Арафат во едно интервју во 1997 година.

Награда за мир кој го немаше

Хенри Кисинџер како личност не беше толку оспоруван како Арафат. Но, затоа ништо помалку контроверзна беше одлуката да му биде доделена Нобеловата награда за мир. На советникот за безбедност на американскиот претседател Никсон, со тоа му беше оддадено признание за придонесот за окончувањето на Виетнамската војна во 1973 година. Притоа, оваа војна за време на администрацијата на Никсон претходно уште еднаш значително ескалираше.

Vietnam Verhandlungen in Paris

Ле Дук То и Хенри Кисинџер во 1973 година

Заедно со Кисинџер беше награден и лидерот на Северен Виетнам Ле Дук То. Тој, меѓутоа, ја одби наградата, и тоа со образложение дека во неговата земја се’ уште нема мир. И навистина војната заврши дури во мај 1975 година, со освојувањето на Сајгон од страна на силите на Северен Виетнам.

Како дипломат Кисинџер уживаше углед во подоцнежните години, иако сенка врз тоа фрлаше неговата лојалност кон Никсон, кој даде оставка поради вмешаност во скандалот Вотергејт:

„Никсон ја сфаќаше надворешната политика подобро од кој било друг американски претседател во повоениот период.“

Зачудувачки неомилена дома

Вангари Матаи во 2004 година беше прва жена од Африка што ја освои Нобеловата награда за мир. Оваа активистка за заштита на животната средина се бореше против сечењето на последните шуми во близина на кенискиот главен град Најроби и против корупцијата:

Wangari Maathai aus Kenia erhält in Oslo den Friedens-Nobelpreis 2004

Вангари Матаи ја прима Нобеловата награда за мир во 2004 година

„Ако нам навистина ни‘ е дојдено до окончување на корупцијата, бидејќи е лоша за нашата земја и за нашиот имиџ, зошто тогаш не го правиме тоа? За тоа не ни‘ се потребни пари, никакво посебно образование, туку национално дејствување.“

Ваквите повици на меѓународната сцена и‘ донесоа на Кенијката симпатии. Таа, меѓутоа, навлече на себе остри критики со изјавите дека вирусот на сидата е создаден во западните лаборатории за искоренување на црнците.

Во нејзината татковина, и покрај високото признание, остана зачудувачки неомилена. На претседателските избори во 2007, таа доживеа голем неуспех, и нејзината политичка кариера практично запре.

Наградата како бланко-чек

И доделувањето на Нобеловата награда за мир на Барак

Obama Nobelpreisverleihung

Барак Обама со Нобеловиот медал в рака

Обама, само неколку месеци по стапувањето на функцијата претседател на САД, минатата година предизвика зачуденост ширум светот, дури и кај него самиот:

„Изненаден сум од одлуката на Нобеловиот комитет и сакам скромно да забележам дека наградата не ја сметам за признание за моите сопствени остварувања, туку за израз на почитување за лидерските капацитети на Америка при спроведувањето на амбициите, кои ги има во сите нации“, рече Обама.

Наградата за Обама беше интерпретирана од политичките аналитичари како бланко-чек за иднината во однос, пред се’, на можните успеси на Обама во процесот на нуклеарно разоружување и надминувањето на конфликтите на Блискиот Исток и на други места во светот.

Автор: Даниел Шешкевиц / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска