1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Контроверзниот бискуп Тебарц-ван Елст казнет со 20.000 евра

Судот во Хамбург ја запре кривичната постапка против контроверзниот бискуп од Лимбург, Тебарц-ван Елст, кој е задолжен да плати казна од 20.000 евра.

Судот соопшти дека одлуката е донесена со согласност на обвинителството и против нејзе веќе нема да се поднесува жалба. Според портпарол на судот, бискупот се согласил со казната. Обвинителството бараше бискупот Франц-Петер Тебарц-ван Елст да биде гонет кривично поради давање лажна изјава под заклетва во врска со еден негов лет во прва класа за Индија. Бискупот тоа го негираше, па беше обвинет дека лаже.

На крајот на октомври бискупот Тебарц-ван Елст беше суспендиран од функцијата на неопределено време. Ватикан соопшти дека „Светата столица смета оти е исправно да одобри период на отсуство од диоцезата за бискупот од Лимбург“.

Претходно бискупот беше во Рим, на средба со папата на која требаше да ги објасни своите постапки. Изградбата на новата резиденција во неговата епархија петкратно ги надмина првично планираните средства и достигна сума од над 30 милиони евра. Дополнително, беше откриено дека цената на изградбата ја зголемиле и луксузните желби на бискупот, кој за себе предвидел трпезариска соба од 60 квадрати и када која чинела 15 илјади евра, или севкупно, само неговите приватни простории требало да чинат околу 3 милиони евра.