1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Контроверзен кривичен закон во Бугарија

Новиот предлог-кривичен закон во Бугарија наидува на жестоки критики од невладините и организациите за заштита на човековите права. Текстот се споредува со законите кои Путин ги носи во Русија.

Предлогот на новиот кривичен закон предизвика голема загриженост во Бугарија. Предлогот се смета за рестриктивен и антидемократски. Во него, меѓудругото, се предлагаат правила за фотографирање на јавни личности, а се забранува и соработка со „странски“ држави и организации. Еден од членовите предвидува дека „бугарски државјанин кој соработува со странска држава или организација и со своите активности и наштетува на Бугарија, ќе биде казнет со затворска казна до осум години“.

Се предвидуваат остри казни на арбитрерна основа, коментира претседателот на бугарскиот Хелсиншки комитет Красимир Канев. „Во предлогот многу поими остануваат недефинирани. Што се подразбира под странска организација или 'под странска контрола'? Што се подразбира под штета за државата?“, прашува Канев. Со ваквата дефиниција, вели Канев, во иднина ќе можат да бидат казнувани и бугарски невладини организации кои соработуваат Репортери без граници или со Амнести интернешнл.

Предлог-законот е неприфатлив и за Даниел Кадик од фондацијата Фридрих Науман. „Текстот за мене е апсурден. Како ќе се дефинираат клучните термини на чија основа треба да се засноваат казните?“, се прашува Кадик. Доколку се изгласа ваков закон, можат да бидат казнувани и поединци кои соработуваат со фондацијата, предупредува Кадик.

Владата ветува преформулирање

Bulgarien Justizministerin Zinaida Zlatanova

Бугарската министерка за правда Зинаида Златанова

Министерката за правда Зинаида Златанова ги отфрла критиките од претставниците на невладините организации на сметка на законот. Таа вели дека членот од законот кој крена многу бура во јавноста, а со кој се „регулира“ соработката со странски организации и држави, всушност се однесува само на воена состојба. „Доколку го извлечете овој член од целиот контекст се доаѓа до погрешен заклучок“, вели министерката. Во секој случај, таа ветува дека овој член ќе се преформулира.

И самиот факт дека предлог законот со ваков текст беше прифатен од правната комисија на бугарскиот парламент е доволно проблематичен, вели Красимир Канев. Никаде во светот нема сличен закон. „Потсетува на законите во земјата на Путин. Таму сите невладини организации кои се финансираат од странство треба да се регистрираат како странски агенти. Но бугарското законодавство е уште построго- затоа што предвидува и затворски казни“, вели Канев.

Сета контроверза, според министерката за правда Златанова е позитивна, затоа што води кон дискусии за законот, кои и самата сакала да ги провоцира. „Оваа дебата е доказ дека владата сака да го слуша гласот на јавноста“, вели Златанова, и додава дека ќе се преформулира и членот кој забранува фотографирање на јавни личности.

Бугарската влада ќе се изјасни за законот денеска, 15 јануари, а потоа ќе го проследи до парламентот на гласање.