1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Контра-ветер за Меркел на самитот во Брисел

Шефовите на држави или на влади на ЕУ денеска на вонреден самит ќе разговараат за иницијативите за пораст во борбата против должничката и економската криза.

Во Брисел особено треба да стане збор за барањата на францускиот претседател Франсоа Оланд, кој сака политиката на штедење во Европа да се дополни со план за пораст. Спорни се заедничките еврообврзници, со што сите долгови би се обединиле под гаранција на цела ЕУ, а кои од страна на Германија стриктно се отфрлаат, зашто таа би го поднела најголемиот дел од трошоците доколку таа идеја се реализира, а против евро-обврзниците се изјасни и британскиот премиер Дејвид Камерон.

Германскиот став во пресрет на самитот е јасен: непотребно е ново вреднување на причините за европската должничка криза и начините за нејзино надминување, како што изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на пратеничките групи на партиите на Унијата во Берлин синоќа. Поддршка за предлогот за воведување еврообврзници францускиот претседател Франсоа Оланд пак има кај италијанскиот премиер Марио Монти. Инаку, и ОЕЦД, Организацијата за економска соработка и развој во своето полугодишно обраќање се изјасни во прилог на еврообврзници.

Денеска во Брисел не се очекуваат заклучоци на лидерите на ЕУ. Тие треба да бидат донесени на редовниот самит на Унијата, на крајот на јуни.