1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Континуиран пад на индустријата во Македонија

Индустриското производство бележи надолен тренд во последните четири месеци. Овој негативен развој се наметна како тема на денешната парламентарна расправа во македонското Собрание.

default

Падот на индустриското производство во континуитет од четири месеци, според експертите, е загрижувачки податок кој може да ги измести макроекономските проекции. Последната статистика обелоденета вчера (27.05.09) укажа на пад на индустријата од 7,7 проценти во април. Овие негативни трендови се наметнаа како тема на денешната собраниска расправа со дневен ред - пратенички прашања.

Јани Макрадули од СДСМ откако ја исктритикува владата дека непотребно троши големи суми пари на кампањи праша: „Дали после сите овие кампањи, после четирите милиони евра во месец март, со нов морал, пооптимистички, планирате да преземете барем еден чекор или мерка за помош на индустријата и колку мислите дека со овие четири милиони евра ќе можете да спасите работни места на луѓе коишто остануваат на улица заради вашата политика на кампањи, а негледање на реалноста на намалување на индустриското производство?“

Премиерот Никола Груевски одговори дека значаен дел од спотовите се емитуваат на странски телевизии за привлекување странски инвеститори во Македонија, туризам, за градење на имиџот на државата... Дел од кампањите се пренесени од минатата година, но емитувањето, е прекинато поради економската криза.

За неповолните бројки во индустријата, Владата не се вознемирува. Резултатите се подобри во споредба со многу поразвиени земји од Македонија, е тезата со која се правдаат минустите во индустријата. Македонија, во три наврати, усвои пакет антикризни мерки, а падот на индустријата во изминатиот период е значително помал од падот на индустријата во земјите од Европската унија.

Тешката индустрија беше првата жртви на глобалната криза. Последиците се почувствуваа уште на почетокот на годината. Падот на индустриското производство беше најдраматичен во јануари: 16,7 проценти.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска