1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Контаминацијата во Јапонија се шири

Јапонската влада денеска (23.03) соопшти дека економските штети од катастрофата на 11 март би можеле да достигнат 309 милијарди долари. Во меѓувреме, во земјата се шири контаминацијата. Опасно е со водата во Токио.

A woman is screened at an evacuee center for leaked radiation from the damaged Fukushima nuclear facilities, Monday, March 21, 2011 in Fukushima, Fukushima prefecture, Japan. Despite living in such proximity to the Fukushima nuclear facility, evacuees at this shelter had never had a emergency drill to prepare them for a nuclear disaster. (AP Photo/Wally Santana)

Јапонските власти денеска објавија предупредување водата за пиење воТокио да не им се дава на бебињата. Владата, притоа, ги потврди претходните извештаи на медиумите дека во пречистителните станици во токискиот водовод е регистрирана радијација која може да им наштети на здравјето на новороденчињата.

A worker stocks tomatoes from Tochigi Prefecture at a market Sunday, March 20, 2011, in Tokyo. Japan announced the first signs that contamination from its tsunami-crippled nuclear complex have seeped into the food chain, saying that radiation levels in spinach harvested in Ibaraki Prefecture and milk from farms in Fukushima Prefecture near the facility exceeded government safety limits. (Foto:Gregory Bull/AP/dapd)

Високото радиоактивно зрачење од оштетената атомска централа Фукушима 1, во меѓувреме, ги отежнува напорите за повторно вклучување на системите за ладење во реакторите за да се спречи катастрофалното топење на нивните јадра. Тековните поправки што ги спроведува фирмата која управува со централата, Тепко, на реакторот 2, мораа да бидат прекинати, а експертите оттаму повлечени. Јапонското министерство за здравство, инаку ја прошири забраната за продажба зеленчук од погодениот регион.

Штетите сега не можат да се проценат

Покрај со стравот од атомска катастрофа, јапонската влада е соочена и со растечкиот број човечки жртви, но и на економски штети од катастрофалниот земјотрес и разурнувачкото цунами, кои најтешко ја погодија североисточна Јапонија. Штетите на објектите, инфраструктурата и претпријатијата во овој дел

Firefighters and others search for missing persons in the March 11 earthquake and tsunami-destroyed city of Sendai, northern Japan Wednesday, March 23, 2011. (AP Photo/Yomiuri Shimbun, Takehiko Suzuki) JAPAN OUT, MANDATORY CREDIT

на Јапонија би можеле да достигнат од 16 до 25 трилиони јени, или од 197 до 308 милијарди долари, соопшти денеска јапонската влада. Значителен ефект врз вкупните штети ќе имаат и прекините на снабдувањето со електрична енергија, поради оштетените или исклучените атомски централи. Во проценката на економските трошоци, како што беше соопштено, не се вклучени последиците од можна атомска катастрофа. Тоа за многумина во Јапонија засега е незамисливо. Но, ако мора да се смета на тоа...

„... дека ќе има топење на реакторското јадро, кое конечно за илјадници години ќе направи неподобен за живеење еден цел регион од 50 километри околу централата Фукушима и дека облаци со радиоактивен материјал би можеле да стигнат и до Токио и да го замрат, барем привремено, севкупниот живот и економска активност, тогаш штетите ќе бидат драматично поголеми“, вели Јан Посер, еден од менаџерите во швајцарската банка Сарасин.

Автор: СН/ЕМФ/ртр/ап/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM