1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Контакт“ премиерно во Германија

Македонскиот филм „Контакт“ на Сергеј Станојковски на 17 ноември ќе го отвори Филмскиот фестивал Манхајм -Хајделберг во Германија .

Во Хајделберг премиерата на „Контакт“

Во Хајделберг премиерата на „Контакт“

На фестивалот кој ќе трае до 26 ноември ќе бидат прикажани 54 долгометражни играни филмови од 20 земји. – соопштија синоќа оргабнизаторите на Фестивалот во овие два германски градови . Во киносалите во Манхајм и Хајделберг се очекуваат околу 60 илјади гости . Мотот на 54 издание на Фестивалот гласи „Вистина и сништа“ .

Контакт е прво дело на режисерот Сергеј Станојковски , кој инаку живее и работи во Германија . Главните улоги во љубовната поствоена приказна ги толкуваат лабина Митевска и Никола Којо

На фестивалот инаку ќе бидат прикажани и 28 кратки филмови . Освен тоа ќе бидат презентирани и 5 детски филмови , од Германија , Данска , Франција Холандија . На фестивалот се очекува присуство на 50-ина режисери.