1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Контакт групата и Тројката утре на состанок во Виена

*

Контакт групата и меѓународната посредничка Тројка утре во Виена ќе имаат состанок на кој треба да се утврди начинот и содржината на новите преговори за статусот на Косово. Австриското министерство за европски и меѓународни работи денеска официјално соопшти дека Тројката в четврток ќе има одвоени средби со делегациите на Белград и Приштина. Во соопштението стои дека состаноците ќе се одржат со цел да се постигне договорно решение за идниот статус на Косово. Српската делегација ја предводат министрите за Косово, Слободан Самарџиќ и шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ. Косовскиот тим патува со претставници од највисоко политичко ниво. Ги предводи претседателот Фатмир Сејдиу, а во тимот се и претседателот на парламентот Кољ Бериша и премиерот Агим Чеку.