1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Контакт групата за Косово

Контакт групата за Косово и покрај разликите во сфаќањата останува обединета во одговорноста да промовира мир во покраината и регионот, соопштено е по нивниот состанок во Лондон, на која го разгледуваа планот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари. Американскиот претставник, помошникот државен секретар, Розмари Ди Карло по средбата изјави дека САД сакаат ова прашање да се реши до јуни. Состанокот во Лондон беше последна средба на Контакт групата воочи расправата за Косово во СБ, каде треба да биде донесена конечната одлука.