1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Контакт групата веќе не го признава Гадафи

Меѓународната Контакт-група за Либија го призна Националниот преоден совет на бунтовниците за официјален орган во Либија, со ополномоштување за извршување владини функции.

default

Во Истанбул е договорено признавање на бунтовниците

Во завршната декларација на средбата на Контакт групата за Либија, што се одржува во Истанбул, истовремено се бара основање преодна влада во земјата, пренесува агенцијата АФП. Со официјалното признавање на Предониот совет се овозможува дел од либиските средства замрзнати во странство да бидат ставени повторно на располагање, со оглед на тоа што тоа сега е одговорност на Преодниот совет, изјави во Истанбул францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе. Инаку за текстот на декларацијата во Истанбул, кој треба да биде прочитан на крајот на средбата, вечерва (15.07), се полемизираше долго. Претставници на некои арапски држави нагласија дека во Истанбул се присутни како набљудувачи, а не како членки на Контакт групата. Дел од Контакт групата, инаку, се земјите кои учествуваат во воената операција против власта на Моамер ел Гадафи.

Автор: ЕМФ/афп/дпа

Редактор: Горан Чутаноски