1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Контадор или Армстронг?

Триумфално збогување на ветеранот Ленс Армстронг или „уан мен шоу“ на Алберто Контадор? 97-мата Тур д‘ Франс стартуваше во холандскиот град Ротердам и, по се‘ изгледа, се‘ ќе се врти околу дуелот на двајцата ривали.

default

На патеката од 3641,4 километри до Париз, Ленс Армстронг ќе се обиде да го заврти тркалото на времето уште еднаш. „Мојата форма е подобра од минатата година,

Tour de France 2009 Logo

а мотивацијата ми е поголема. Сакам да бидам победник“, најави Армстронг пред засекогаш да се збогува од велосипедската сцена.

„Ова е компликувана трка. Не се оди право. Првите четири дена ќе бидат неверојатно тешки од технички апсект, има многу одлучувачки фактори. Треба само да внимавам да немам незгоди и да останам со тимот, тоа е најважното. Но, не можам да лажам - се чувствувам добро, а тоа е секогаш важно!“, вели човекот кој е седумкратен победник на Тур д‘ Франс.

Автор: ЕМФ/ АТ/ дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска