1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Консултации со партиите околу името

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска одделно ќе се сретне со партиските лидери за да се изгради заеднички став околу името и предлозите на посредникот Метју Нимиц

default

Премиерот сака единствен став

Македонскиот премиер денеска на посединечни средби со лидерите на најголемите политички партии ќе разговара околу позициите за името и ќе бара единствен став за отфрлање на последните три предлози на медијаторот Метју Нимиц. Владата веќе се изјасни негативно кон овие предлози.