1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Консултации пред утрешните преговори за името

Државно владиниот врв одржа консултации прд утрешните средби со посредникот во спорот со името, Метју Нимиц. За премиерот Никола Груевски изјавите на преговарачот Никола Димитров се непримерни и во непогодно време

default

Од претходните посети на Нимиц во Скопје

Пред утрешната посета на медијаторот во спорот околу името со Грција, државно владиниот врв се сретна во својот стандарден состав. Покрај претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, во кабинетот на Црвенковски беше и амбасадорот Никола Димитров. Неговите последни телевизиски изјави за надпартиска платформа, за некаков мини рамковен договор во Македонија околу преговорите со Грција, за неопходен компромис за името како услов за членство во НАТО, ги предизвикаа острите реакции од кабинетите на Црвенковски и на Груевски. Но премиерот денеска особено остро го нападна Димитров. Невообичаено е сред преговори главниот преговарач е да излезе да се исповеда што размислува, да дава оценки, да кажува во каква позиција е државата, како тој го чувствува тоа, кој згрешил, кој не. Тое е невообичаено и неумесно сред преговори, без консултација со мене како директен учесник да излегува, мислам дека тој направи грешка, оцени Груевски. Тој одбегна да одговори дали ќе се промени македонскиот преговарач. Владини извори велат дека и досега премиерот Груевски бил незадоволен од блискоста на гледиштата меѓу претседателот Црвенковски и амбасадорот Димитров за разврската на македонско грчките преговори. Метју Нимиц во Скопје доаѓа утре и не се исклучува да има средби и со партиските лидери и да ги тестира дали има шанса да продолжат преговорите во Њујорк додека трае изборната трка во Македонија. Медијаторот ќе ја посети и Атина, но таму најверојатно нема да биде примен од премиерот Караманлис, објавуваат грчките медиуми. Нимиц не носи нов предлог за името, но ќе ги охрабри македонските власти да завршат преговорите како услов за членство на Македонија во НАТО.