1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Консултации за Косово во советот за безбедност

*

Советот за безбедност на ОН денеска зад затворени врати ќе одржи консултации околу последната предлог резолуција за Косово, предложена од САД и ЕУ. Дипломатски извори во светската организација велат дека и покрај јасното не на Русија, не е исклучено денеска да се гласа по предлог текстот. Американскиот амбасадор во ОН Залмај Калилзад предупреди дека доколку во советот за безбедност не биде постигнат договор тогаш процесот ќе продолжи надвор од рамките на ОН, за што одговорноста ќе ја носи Русија. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер синоќа во Берлин предложи почеток на преговори помеѓу Белград и Приштина. Денеска во Вашингтон се и членовите на косовскиот преговарачки тим кои според најавите ќе разговараат со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.