1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Конструктивно решение без разлика на изборниот резултат

Македонија ќе бара конструктивно решение за спорот со името без оглед на резултатите од грчките избори. По изборите, се очекува Метју Нимиц да ги обнови преговарачките процеси меѓу Скопје и Атина.

default

„Се разбира, како и тие и ние имаме свои црвени линии. Ние ќе бараме решение за подобрување на односите и наоѓање решение за спорот“. Оваа изјава македонскиот премиер Никола Груевски ја даде на невидено или нечуено за победата на ПАСОК. Македонските политичари се свесни за консензусот меѓу Караманлис и Папандреу околу грчката позиција – едно име за севкупна меѓународна употреба.

„За разлика од Караманлис кој го претвори проблемот со името во главно внатрешно-политичко прашање, на кое што го градеше својот рејтинг, на кое што ги дигаше тензиите во Грција, јас сум убедена дека ПАСОК и Папандреу нема да ја повтори таа грешка и дека ќе влезе во овие преговори реално заинтересиран да најдеме

Georgios Papandreou

Консензусот во Грција за македонското прашање не и‘ одговара на Македонија

решение“, оценува за Дојче веле, Радмила Шеќеринска - СДСМ, потпретседател на Социјалистичката интернационала, чиј европски шеф е идниот грчки премиер.

Папандреу со симпатии во Македонија

Папандреу бил во Македонија. Неговиот ПАСОК имал партиски средби со СДСМ и има одреден степен на поблаги симпатии како иден премиер на Грција. Но, и покрај тоа, професорката Мирјана Малевска не гледа шанси за напредок во грчко-македонскиот спор, ако Скопје остане на двојната формула, а Атина на политиката за промена на македонското име во вкупната меѓународна комуникација.

„Едноставно нашата политичка позиција е закопана, исто и нивната политичка позиција, само што нив не им се ни брза, ниту нешто специјално им значи на политичката стабилност на Грција ова прашање, додека за нас е тоа многу важно“, вели професорката Малевска.

„Веројатноста на Папандреу да го промени ставот во однос на Македонија ќе биде можна, но најмногу во рамките на првиот месец од владеењето на Папандреу. Во

Nimitz in Skopje

Се очекува медијаторот Нимиц да ги обнови преговарачките процеси

Грција има консензус за македонското прашање, за жал, кој што не и‘ одговара многу на Република Македонија“, коментира професорот Жидас Дакаловски од Центарот за креирање политики.

„Ветото ќе се заборави“

Аналитичарот доктор Назми Малиќи не очекува вето од Грција во Унијата, особено ако се усвојат новите лисабонски правила што го одредуваат идниот правец на проширување и целокупната процедура.

По грчките избори, се очекува Метју Нимиц да ги обнови преговарачките процеси. Но, кога ќе допатува во Скопје, не прецизираше ниту премиерот Груевски, препуштајќи му го тајмингот на медијаторот во грчко-македонскиот спор.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска