1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Конструктивна дебата меѓу Груевски и Ахмети

Долга и конструктивни разговори го карактеризираат вчерашниот прв состанок власт опозиција. На состанокот присуствуваа и меѓународни претставници.

Власта и опозицијата на заедничка маса

Власта и опозицијата на заедничка маса

Сите теми од политичката агенда на опозициската ДУИ но и на Владата се отворени на шест часовниот дијалог Груевски – Ахмети откако три месеци интегративците го бојкотираат парламентот.

Долгата и конструктивна дебата заврши со одвоени прес конференции. Претходно заминаа амбасадорските советници на амерканската амбасадорка Џилијан Миловановиќ и ЕУ амбасадорот Ерван Фуере. Тие не беа, но вешто е обезбедно меѓународното набљудување на првата рунда од политичкиот дијалог.

Груевски и Ахмети заедно и ручаа обидувајќи се да ги отстраната своите лични нетрпеливости од времето на составувањето на новата македонската влада без победникот на ДУИ во албаснкиот електорат.

Експерти ќе бараат решенија што на лидерите ќе им ги понудата во наредните десетина денови. ДУИ не се враќа во парламентот без претходен договор со владата „Сите проблеми се отворени и нема табу теми. Резултатите ќе ги видиме на следните средби: Треба да се најдат поради заедничкиот интерес на Македонија.“ Рече лидерот на ДУИ Ахмети, кој беше во придружба на потопретседателката Теута Арифи и на совентикот Буџаку.

Премиерот Никола Груевски со министерот за одбрана Лазар Еленовски од Новата социјалдемократска партија и професорот Владо Поповски – политички советник и еден од учесниците на охридските преговори и составувач на Рамковниот договор

„За некои од работите имаме дури и согласнот. Како што е на пример создавање на листа на Бадентерови закони, која веројатно би влегла и во деловникот на Собранието. Тоа за нас е добро, тоа ни гарантира дека во никоја ситуација неможе некој да нас не надгласа, а и на нив им гарантира дека неможе да ги надгласа. За тоа дали за некој закон е потребен или не е потребен Бадентер. По тоа прашање сме бликсу до решение.“

За премиерот Груевски не се прифатливи барањата на ДУИ за законска заштита на борците на ОНА ниту избор на Влада според Бадентеровиот принцип, само од победничките партии во албанскиот и македонскиот електорат. Тој побарал од ДУИ да ги поддржат владините чекори за борба против криминалот. Да гласаат за уставните промени со обврзително средно образование, за новиот деловник и за новиот закон за државен обвинител.

Премиерот потврди дека не е разговарано за влез на ДУИ во новата влада.

„Затоа што јас со моите контакти што ги имав добив информации дека никој не да бара туку не сугерира ДУИ да биде дел од власта.“ кажа Мендух Тачи вицепретседател на ДПА по вчерашните разговри со американската амбасадорка Миловановиќ и ЕУ амбасадорот Ерван Фуере околу политичката агенда на разговори власт – опозиција и можното влегување на ДУИ во владата на Груевски што беше еден од интересните детали во политичката јавност во Македонија.