1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Конструктивен разговор“ меѓу Дачиќ и Тачи

На првиот состанок на премиерите на Србија и на Косово е постигнат договор за продолжување на дијалогот со цел нормализација на меѓусебните односи и напредок во процесите за евроинтеграција.

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ вели дека признавањето на независноста на Косово е „апсолутно неприфатливо“ и дека се бара компромис и историски договор. Србија и Косово постигнаа договор за продолжување на дијалогот. Договорот беше постигнат во Брисел на првата средба меѓу двата премиери. По одвоените разговори кои Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ги водеа со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон дојде и до заедничка средба, со која раководеше високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ: „Согласноста на Србија да учествува во дијалогот не значи и отстапување од нашата државна политика“, изјави по средбата премиерот на Србија и додаде: „И натаму за нас е апсолутно неприфатливо кој било да очекува и да не условува со признавање на еднострано прогласената независнот на Косово и Метохија. Овие разговори ги сметам за статусно неутрални, но и не бегам од разговори за статусот на Косово и Метохија“, нагласи Дачиќ.

Дачиќ на Таќи: Колку е Косово твое, толку е и мое

Kosovo Konferenz Wien

Хажим Тачи

Како што влегоа преку различни влезово во зградата на Европската дипломатска служба, каде се состанаа со Кетрин Ештон, Дачиќ и Тачи даваа и одвоени изјави. Во изјавата за косовските медиуми Хашим Тачи оцени дека тоа беше „прва билатерална средба на ниво на премиери на државите Косово и Србија“. Тачи дополни дека односите на Србија и на Косово мораат да се одвиваат во „европски дух“ и смета дека нормализација на односите ќе води до меѓусебно признавање.

За српскиот премиер дјалогот, покрај релаксација на односите меѓу Белград и Приштина, би требало да доведе и до „конечно решение, кое би требало да биде компромис и да ги земе в предвид легитимните интереси и на Србија и на Косово“: „На Хашим Тачи му реков дека колку е Косово негово, толку е и мое, бидејќи и јас потекнувам од Косово, како и сите други и сметам дека е време меѓу Албанците и Србите да се постигне историски договор и компромис“, повтори Даќич.

Шефицата на европкста дипломатија Кетрин Ештон оцени дека разговорот протекол во „добра и конструктивна атмосфера“. Иако на медиумите им беше забранет пристап од диполматски извори се дознава дека разговорот меѓу премиерите траел околу еден час, што е подолго отколку што било предвидено.

Ivica Dacic in Brüssel

Ивица Дачиќ

На прашањето дали се ракувале, српскиот премиер вели дека состанокот бил „без протокол, без државни симболи, дека не било предвидено ниту ракување, ниту фотографирање“. Сепак службата на шефциата на европската дипломатија направи фотографии од оваа средба, кои се’ уште не се објавени. Нагласувајќи дека целиот процес се одвива транспарентно и дека за Србија нема таму теми, Дачиќ додаде: „Мене никој неможе да ми забележи што водам дијалог, бидејќи јас и војував со Тачи. Мојата улога како премиер е да направам се’ за да не се повторат војни“.

Властите во Белград наредните денови би требало да донесат и единствена државна платформа за продолжување на дијалогот, а повторна средба на двајцата премиери е закажана за во ноември.