1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конститутивна седница на хрватскиот Сабор

Хрватскиот Сабор денеска (22.12.2011) одржува конститутивна седница во новиот пратенички состав. Пратениците треба за претседател на Саборот да го изберат Борис Шпрема од победничката Кукурику коалиција.

default

Хрватскиот парламент

Новиот, седми состав на Саборот од осамостоојувањето на Хрватска во 1991-ва година, во кој има 151 пратеник, денеска ја одржува конститутивната седница. Кукурику коалицијата, предводена од Социјалдеморкатската партија, која победи на изборите на 4-ти декември и чиј лидер Зоран Милановиќ доби мандат за составување на влада, има 80 пратенички места. Досега владејачката Хрватската демократска заедница има 47.

Пратениците денеска за претседател на Саборот ќе го изберат Борис Шпрема од Кукурику коалицијата, а ќе ги бираат и потпретседателите од кои владејачкото мнозинство дава тројца кандидати, а ХДЗ двајца.

По изборот на раководството на Саборот, за попладне ќе биде свикана вонредна седница на која ќе биде донесен закон за влада, која в петок би требало да биде изгласана. 

Автор: СН/ АТ/ миа/ бета

Редактор: Ж. Ацеска