1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Консензус за европските прашања

Денеска во Скопје се оддржа првата седница на Националниот совет за евроинтеграција. Негова цел е Македонија да добие датум за прговори, а ќе е заложи и за укинување на визниот режим со ЕУ.

default

Консензус за европските прашања

Македонскиот национален совет за евроинтеграции почна со работа во атмосфера на консезнус и единство. Првата седница покажа дека Македонија може да биде единствена кога станува збор за влог како што е приближувањето до ЕУ – се оценките на членовите на советот: политичари, бизнисмени, новинари и синдикалци. ( Националниот совет е ново тело што треба да ја забрза евроинтегарцијата на земјата. Беше формиран пред Нова година по долга дебата кој да го раководи.)

Претседателката на Националниот совет Радмила Шеќеринска се воздржа да ја критикува владата за пропустите кон европскиот пат кои редовно ги посочува кога зборува во име на опозицијата. Чест ми и задоволство што го формиравме овој совет, истакна Шеќеринска посочувајќи ги двете клучни цели на советото: Македонија да добие датум за преговори со ЕУ и да се почне процесот на преговори за укинување на визниот режим.

На конститутивната седница присуствуваше и амбасадорот на Словенија во Македонија Ален Бергант, кој нагласи дека во оваа фаза за земјата е најважно она што го постигна и денеска (31.01.08) - консензусот.

Незаобилколна беше реакцијата на Шеќеринска за одлуката на Брисел, да почне преговори со Србија за либералзација на визниот режим. Умерена изјава слична на владината оценка дека за Македонија е позитивен секој напредок на соседите. За тоа што Србија е во предност, делумна вина има и Македонија смета Шеќеринска која во 2007 година ја пропушти шансата за добие датум за преговори за членство. Сепак, во официјално Скопје и владата и опозицијата се уверени во конзистентна политика на Европа и се оптимисти дека македонските граѓани пред Србите, слободно без виза ќе можат да патуваат во Европа.

DW.COM