1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Конкурс: Приклучување кон ЕУ

ЕУ веќе брои 28 земји членки, a уште неколку други радо сакаат да и‘ припаѓаат. Како точно тече кандидатурата? На овој фиктивен конкурс Ви претставуваме како функционира приклучувањето.

  • Сакате да делувате во меѓународни рамки?
  • Располагате со самоодговорност и стабилност?
  • Имате тимски квалитети и расположение за преговори?
  • Можете да се прилагодите и имате дипломатски способности?
  • Дали сте Европеец?
  • Дали сте „џуџе држава“ потресена од кризи?

Тогаш конкурирајте сега!

Ве очекуваат многустрани и големи барања, кои во голема мерка бараат способност за самостојно одлучување и одговорност. Ви нудиме можност за личен развој во еден динамичен тим на еден Џоинт венчрс, кој агира во меѓународни рамки.

Ние предводиме успешна институција, која постојано експандира повеќе од 50 години. Нашите 28 актери раководат со оддели кои стремат високо. Во нив содејствуваат повеќе од половина милијарди луѓе. Доколку сакате да фатите чекор во едно иновативно и растечко општество, тогаш поднесете сега барање за екслузивен пристап во ЕУ.

Предуслови:

Исполнување на Копенхашките критериуми (утврдени од страна на Советот на ЕУ во Копенхаген 1993 година):

  • Поседувате демократски устав кој се потпира на владеењето на правото, ги гарантирате човековите права и внимавате на заштита на малцинствата.
  • Вашиот економски поредок е пазарно стопанство и е во состојба да се справи со притисокот на пазарите на ЕУ.
  • Подготвени сте да го преземете и применувате општествено-правниот поредок на ЕУ.

Доколку ги исполнувате овие предуслови тогаш сте оддалечени само уште десет чекори од пристапот во ЕУ и морате да минете низ следниов процес:

Чекор 1: Испратете барање за прием до Советот на ЕУ.

Чекор 2: Советот на ЕУ се консултира со Комисијата на ЕУ и донесува одлука да го одбие или да го разгледа Вашето барање. Притоа, најпрво станува збор генерално за Вашите квалификации.

Чекор 3: Комисијата на ЕУ Ве советува за преземање на законите на ЕУ и заедно со Вас ги идентификува Вашите слабости, односно проблематичните полиња во Вашата земја. По кои точки морате да се прилагодите на нормите на ЕУ? Потребно е да се прифатат 34 точки и да се прилагодите кон истите.

Чекор 4: Комисијата на ЕУ доставува до Советот извештаи за напредок и доколку развојот е позитивен, едногласно донесува одлука за почеток на преговори.

Чекор 5: На пристапните преговори меѓу 28-те земји членки и Вас се разговара за поединечни поглавја и доколку е потребно се утврдуваат нови важни поглавја.

Чекор 6: Конечно, преговарачката делегација, која се состои од Комисијата на ЕУ, Советот и пратеници од Вашата земја го потпишуваат нацртот за Вашите документи за пристап.

Чекор 7: Комисијата на ЕУ до Советот на ЕУ и Европскиот парламент поднесува необврзувачки предлог. Овој мониторинг извештај ја претставува актуелната состојба и конкретни шанси за Вашите можности за пристап.

Чекор 8: Европскиот парламент гласа по Вашето барање за пристап и со тоа речиси успеавте...

Чекор 9: Советот на ЕУ го потпишува договорот за пристап.

Чекор 10: Сите 28 земји членки и Вие го ратификувате договорот.

„Напишано со мали букви“

Flash-Galerie EU Türkei Beitrittsverhandlungen Symbolbild

Доколку сте западноевропска земја, имате големи шанси преговорите за пристап да се одвиваат брзо и без проблеми. Доколку Вашата земја се наоѓа на Западниот Балкан или дури граничи со Азија, тогаш кандидатурата би можела да трае подолго.

Конечен одговор сепак можете да очекувате најрано за две до четири години. Имено, тоа е минималното време потребно за да се преговара за договорот и истиот да се ратификува.

Доколку сте Турција, тогаш треба да го решите проблемот со Кипар. Дури потоа ќе се продолжи со обработка на Вашата кандидатура.

Доколку сте државата Косово, мора да бидете признаени од сите земји членки на ЕУ како самостојна држава, пред да поднесете барање за пристап.

Доколку ги исполнувате овие критериуми, тогаш конкурирајте сега!

Не заборавајте: економски добро поставените земји, при исти квалификации, имаат предност!

DW.COM