1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Конкратни ветувања за подобрување на климата за инвестирање во Македонија

Мандатарот Никола Груевски неодамна во Тетово се сретна со македонските иселеници во Америка. Што тој им вети на иселениците од Тетово и што иселениците побараа од него?

Тетово

Тетово

Мандатарот Никола Груевски во интензивен дијалог со македонските иселениците истапува со сложените точки од неговата еконока програма за понисики, поатрактивни даноци и други мерки за гарантирање на инвестициониот капитал „Ќе дојде време, кога чекор по чекор, ќе се подобрува економската состојба во Македонија, бизнис климата во Македонија, ќе се подобрат условите за правење бизнис, ќе дојде монент кога се повеќе Македонци што живеат надвор од земјата ќе најдат интерес и можност да прават профит во Македонија. Јас сум оптимист дека таквите моменти ќе дојдат брзо.“

Иселениците како и секогаш со поддрашка за својата земја овојпат се многу конкртетни во своите барања, но и многу внимателни. Ацо Васовски долгогодишен иселеник во Америка укажува дека многумина со својот макотрпно заработен капитал, сакаат да дојдат во Македонија, но тоа за нив сеуште е само ризик „37 години сум во Америка. Ние сме имале многу пари овде, но ни порпаднаа. Оваа влада може да гарантира. Луѓето може да финасираат, има многу богати наши луѓе во Америка. Посебно од тетовскиот крај.“

Иселениците во САД се задоволни од економските ветувања на новата влада. Сепак Стојче Стојановски, претседател на полошкиот исленички клуб во Детроид, Миџиген укажува „Бараме од владата која набрзо ќе се формира да ни дадат сигурност да може не само јас, туку и другите луѓе во дијаспората да може слободно да дојдат овдека, да ги вложат парите и тие пари навистина енден ден да имаат преиход од нив. Условите се државата барем нешто да гарантира.“

Дијспората очекува и да и се обезбеди нејзинотот бирачко право во Македонија. „Не можам да сфатам зошто да не може да гласаме. Му го поставив прашањето на г-ди Груевски кога беше во Детроид. Истото му беше поставено и на Бучковски. Зошто ние да немаме право да гласаме, како Македонци. Американците каде и да се во светот гласаат.“

Никола Груевски како мандататр на новата влада и лидер на ВМРО ДПМНЕ со конкретни одговри и временски рокови за исполнување на ова барање на македонските иселеници во Америка „ Враќањето на ВМРО ДПМНЕ на власт ќе значи овозможување на македонската дијсапора да гласа во дипломатско – конзуларните преставништва и тоа ќе го направиме во првите неколку месеци, се надевам не подоцна од првата година откако ќе бидеме на власт, со промена на законот.“

Ислениците, неуморни македонски лобисти кои Груевски ги нарече амбасадори на својата земја уште еднаш ја покажаа желбата за воспоставување економнски мостови кон татковината но тие претходно бараат и мостови на доверба, оти како што велат многу пратеници, мнинистри партиски емисари во изминатите години им доаѓале на гости во Америка, многу ветувале, но во тие години, од ветенотот не беше сторено речиси ништо.