Конзервативните сили го опоменуваат Рохани | Свет | DW | 22.09.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конзервативните сили го опоменуваат Рохани

Кај конзервативците и исламските догматичари во Техеран е вклучен аларм - тие стравуваат од преблиски контакти на новиот ирански претседател Хасан Рохани со Западот.

Новиот ирански претседател Хасан Рохани (на насловната фотографија), кој важи за умерен политичар, треба да присуствува на Генералната дебата во ОН во Њујорк и можно е на маргините на Генералното собрание да се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Непосредно пред патувањето на Рохани во САД, во иранскиот главен град повторно се позиционираат идеолошките и политички фронтови. Револуционерната гарда до домашните преговарачи упати итен апел да се држат до интересите на земјата при контактите со Западот. Во изјава што ја пренесе агенцијата Тасним, влијателната Револуционерна гарда ги опоменува иранските дипломати да бидат „претпазливи и скептични“ кон претставниците на Белата куќа. Тоа, како што велат, е искуство од историјата.

Сигнали на помирување?

Рохани упатува поумерени пораки од својот претходник Махмуд Ахмадинеџад, кој во судирот околу иранската таомска програма беше познат по тврдите ставови кон Западот и вербалните испади во врска со Израел. Новиот претседател на Иран ветува дека никогаш нема да развива атомско оружје, му испрати на Израел поздрав по повод еврејскиот празник Јом Кипур и ја ослободи познатата затвореничка и борец за човекови права Насрин Сотудех. И, уште при стапувањето на должност, рече дека не е неопходно Револуционерната гарда да се меша активно во дневната политика.

5+1 Gespräche Atomprogram Iran Atomanlage Buschehr

Централата Бушер од утре под иранска контрола

По повод воената парада во Иран, Рохани денеска (22.09) нагласи дека Западот мора да го признае правото на Иран на облагородување ураниум на сопствена територија. Тој потенцираше дека нуклеарната технологија на Техеран има мирнодопски цели. „Сакаме преговори, но не дозволуваме да бидеме заплашувани од страна на Западот“, рече претседателот. Ваквата негова изјава е можеби уверување насочено кон конзервативните сили во земјата.

На 27 септември во Виена треба се одржи наредната рунда разговори меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија. Тоа ќе бидат први разговори по заминувањето на Ахмадинеџад. Новиот шеф на иранските атомски власти, Али Акбар Салехи, најави дека неговата земја утре (23.09) ќе ја преземе од Русија контролата врз атомската централа Бушер. По преземањето на централата на југот на Иран, со капацитет од 1000 мегавати, таа ќе остане уште две години под руска гаранција, изјави Салехи.