1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конзервативка ја напаѓа „кумата“ Меркел

Во книгата „Кума“ шефицата на германската влада е опишана како закана за демократијата. Авторка на книгата е публицистка со партиска книшка од ЦДУ. Ова би требало да биде повик за будење.

„Кума“ е книга што веројатно канцеларката Ангела Меркел не би сакала да ја прочита. „Анти-Меркел“ книгата на 300 страници е напишана перото на 71-годишната публицистка и поранешен човек од доверба на Кол, Гертруд Хефлер е на пат да стане бестселер во политички Берлин. На вчерашното претставување на книгата во зградата на Здружението на германските новинари – Бундеспресеконференц се собраа над 80 новинари и шест телевизиски екипи.

Во книгата на Хелер станува збор за многу повеќе работи од познатите напади на Меркел дека ги отстранила од патот сите машки конкуренти, за кои канцеларката нема никаква вредност и според кои таа ги носи одлуките кога ќе види на која страна се навалува терезијата. 

Deutschland Politik Buchvorstellung Die Patin Angela Merkel Buch von Gertrud Höhler

Авторката на книгата Гертруд Хелер

Меркел, која долго време во политички Берлин го има прекарот „Мамичка“, во книгата на Хелерс е „Кума“, која „етаблира лесна варијанта на авторитарно покажување моќ, какво Германија се’ уште не познава“. Плагијат на политичките конкуренти, зголеменото нивелирање на партискиот систем од повеќепартиската држава, невнимателното справување со правните норми, етичките стандарди со парламентот и уставот, неодамна жестоко укорени од Сојузниот уставен суд, како и пад на политичкиот морал – сето тоа според гледиштето на авторката оди на контото на „Системот М“.

„Германски костум по мерка“ за Европа

Ова би можело потсвесно да сугерира на оние 35 години кои Ангела Меркел ги минала под диктаторскиот режим во Источна Германија. Но, никој точно не знае што ја мотивира Ангела Меркел да настапува исклучително тивко, не зборувајќи многу и постојано да биде без доверба, објаснува авторката за време на презентацијата.

Поднасловот на „Кума“ е „Како Ангела Меркел ја ремоделира Германија“. Хелер смета дека останатите Европејци би требале да бидат загрижени поради желбата на Меркел за моќ, бидејќи канцеларката впрочем на Европа „и’ крои одело по германска мерка“. Она што е ново во оваа приказна за губење на демократијата во Европа е што авторката и’ дава преекспонирана улога на Меркел во тој процес.

Bundeskanzlerin Angela Merkel ARCHIVBILD 2011

Ангела Меркел не поднесува конкуренција

Пресвртот во нуклеарната програма, кој канцеларката го направи практично преку ноќ и сама, потоа укинувањето на задолжителното служење на воениот рок, откажувањето од намалувањето на даночните оптеретувања на граѓаните и се’ поочигледното откажување од задачите на класичната слика за фамилијата (пример, на страниците на ЦДУ од неодамна се дискутира за даночно изедначување на класичните семејства со хомосексуалните бракови) – сето тоа внесува несигурност во партијата, од самиот врв до партиската база.

Тупаница в џеб        

Хелер им ја посвети својата книга „на сите кои држат тупаница в џеб“. Колку такви членови има во Христијанско-демократската партија не се знае, но се знае дека уште од времето на Конрад Аденауер ЦДУ ја бие глас дека таа е партија која одлучно стои зад своите шефови на влада, кога тоа ќе затреба.

Ангела Меркел и натаму е многу популарна меѓу гласачите и се очекува да остане на власт и по изборите во 2013-та година. Тешко е да се верува дека Меркел ќе ја сруши некој внатре во партијата. Кој и да сака да напредува внатре во ЦДУ тој ќе се обиде да не ја налути шефицата на владата и партијата. Тоа можат да го ризикуваат само старите пратенички „војници“, кои и онака немаат големи амбиции.