1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Конечно нешто ново и во формула 1: трка во која победникот не се вика Михаел Шумахер

Победник на Големата награда на Монако е Италијанецот Јарно Трули, возач на Рено, пред Џенсон Батон од БАР-Хонда и Рубенс Барикело од Ферари. Шумахер не ја заврши трката

Победникот од Монако Јарно Трули

Победникот од Монако Јарно Трули

29-годишниот Јарно Трули во својата 117-та трка во автомобилизам - формула еден, ја забележа првата победа. Светскиот првак Михаел Шумахер по една спорна инцидентна ситуација со лутиот противник Хаун Пабло Монтоја од Вилијамс удри во ѕидот на еден тунел и мораше да ја напушти трката. Така Шмахер не успеа да го собори и последниот рекорд – да биде единствен возач во историјата кој забележал 6 последовни победи на стартот на едно првенство и останува со пет победи ко-рекордер, заедно со Најџел Менсел.

Во Монте Карло нова катастрофа за Мекларен Мерцедес – Рајконен поради дефект не ја заврши трката, а на Култхард налета Физикела и му го онеспособи болидот. Во спектакуларната несреќа обајцата минаа без повреди.

Шумахер води во светското првенство со 50 бодови, пред Барикело кој има 12 помалку.