1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конечно компромис за климата - умерен!

На самитот за климата постигнат е компромис по кој сите се незадоволни, но кој отвора можност за замена на Протоколот од Кјото. Повторен судир на земјите во забрзан подем и богатите.

default

Од компромисот се сите незадоволни, но отворена е можност за чекор по Кјото

Учесниците на конференцијата за климата во Дурбан, во Јужна Африка, по 24-часовна маратонска сесија зад затворени врати, постигнаа компромис, со кој може да биде спречен неуспехот на преговорите до крајот на 2012 година, кога истекува важноста на Протоколот од Кјото.

За компромисот, без да навлегува во детали, соопшти јужноафриканскиот министер за надворешни работи и претседател на конференцијата, Мајите Нкоана Машабане.

Таа изјави дека пакетот од четири документи, претставува недовршен компромис, но е одраз на долгогодишните преговори за проблемите, кои ги оневозможуваат напорите на Обединетите нации во борбата против климатските промени.

Нкоана Машабане нагласи дека документите кои содржат над сто страници ќе му дадат нов импулс на Протоколот од Кјото, чии цели за ограничување на емисијата на јаглерод диоксид истекува следната година и важат само за индустриските земји.

Südafrika Durban Klimakonferenz 2011 gähnende Teilnehmer

Исцрпувачките преговори во Дурбан ги преморија учесниците

Еден од текстовите содржи повик кон Кина и Индија, големи загадувачи со штетни гасови, за кои не важи Протоколот, да ги применат во иднина законските обврски за намалување на емисиите.

Судирот меѓу земјите во забрзан подем и развиените држави го одбележа и овој самит. Претставници на Кина и Индија жестоко протестираа против барањата на западните држави тие да ги намалат емисиите на штетни гасови, иако истото тоа одбиваат да го сторат богатите земји.

Еврокомесарот за климатски прашања Кони Хедегард на првата пленарна сесија на форумот истакна дека ЕУ го поддржува нацрт-предлогот за продолжување на важноста на Протоколот од Кјото до 2020 година, за три години повеќе од петгодишниот период, кој се разгледува. Повеќе делегати, меѓу кои и африкански земји, се противат на идејата за продолжение на Протоколот за осум години.

Автор: БГ/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска

DW.COM