1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Конечно добра вест за германската сојузна влада бомбардирана со лоши:

Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон го поздравува курсот на реформи, а изгледите за пораст на германското стопанство умерено оптимистички. Вкупната оценка е позитивна. Меѓународниот монетарен фонд нагласено ја пофали сојузната германска влада за нејзината политика на реформи. Пред се реформите во здравството и реформите во пензиската политика како и либерализацијата на пазарот за работа придонесуваат изгледите за умерен пораст во Германија за идната година јасно да бидат подобрени, се вели во протоколот на егзекутивниот совет. Фондот за наредната година очекува растеж од еден ипол процент. За наредните два месеца изгледите за пораст од нула за целата 2003 се помалку розови. Според проценките на ММФ силното евро ги притиска ионака слабите побарувања за извоз, пред се во останатите земји на Европската унија и мизерната финансиска ситуација во јавните буџети. Некои од директорите во егзекутивниот совет предлагаат дополнителни намалувања на даноците во случај конјунктурата неочекувано и значително да се влоши. Додуша повлекувањето на даночната реформа предвидена за 2005 за една година веќе има позитивен ефект врз растежот, но по се судејќи не е доволна. ММФ бара структурните реформи да се спроведуваат консеквентно за да се зголеми довербата на потрошувачите и фирмите. Тоа важи пред се за "Агендата 2010" која мора да се спроведе точка по точка, како и натамошни промени во здравествениот и во пензискиот систем. Освен тоа, егзекутивниот совет настојува на продолжување на политиката на штедење. Некои директори жалат што веројатно ќе биде неможно германскиот буџетски дефицит за 2004 да биде симнат под нивото од 3 проценти за колку што е можно побргу да се фати приклучок кон пактот за стабилност во зоната на еврото. Сепак, во Вашингтон се убедени дека сојузниот министер за финансии сериозно има намера да ја продолжи консеквентната политика дури и ако мора да преземе нови скусувања на трошоците, како оние во субвенциите или за скапата но неефкасна програма за вработувања.