1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конечно декларација на ОН за Сирија

Советот за безбедност на ОН по долго преговарање се усогласи околу заедничка позиција во врска со конфликтот во Сирија. Декларацијата е поддржана и од Кина и Русија.

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои денеска необврзувачка декларација во врска со случувањата во Сирија.

Во документот се изразува поддршка за напорите на специјалниот пратеник на ОН Кофи Анан да договори прекин на насилството во земјата и се повикуваат сириските власти и бунтовниците да ги прифатат предлозите на Анан.

Советот за безбедност и‘ се закани на Сирија со „натамошни чекори“, доколку одбие да се усогласи со предлогот на Кофи Анан, кој предвидува објавување на примирје, политички дијалог меѓу режимот и опозицијата и целосен пристап на хуманитарните организации до населението во регионите погодени од конфликтот.

Kofi Anan

Кофи Анан

На владите на 15-члениот Совет им беше даден рок до 13 часот по Гринич да ги изнесат своите забелешки во однос на документот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно на маргините од своите разговори во Берлин со претставници на германската влада истакна дека во декларацијата мора да бидат содржани услови за почеток на политички дијалог.

Кина и Русија претходни одбија резолуција во која се врши еднострана осуда на властите во Сирија.