1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Конечно да тргне подобро за сите!

Македонските граѓани се скромни во желбите за Нова година. 2009. ќе ја паметат по економската криза и укинатите визи. Сакаат здравје и малку повеќе пари за пристоен живот.

default

Здравје и малку повеќе пари, си посакуваат повеќето македонски граѓани за во 2010

Демир Енвер е македонски Ром, навидум обичен граѓанин кој е еден од многутемина кои деновиве можат да се сретнат на скопскиот плоштад. Пред влезот на Градскиот трговски центар на мала масичка тој продава светилки за новогодишна елка. Како социјален случај, кој пред двеипол години заедно со сопругата ја изгубил работата, бара начин да заработи денар повеќе за своето четиричлено семејство. „Социјалната помош од две илјади денари месечно е премалку за да се задоволат минималните потреби за живот, посебно во услови кога имате две деца кои сакаат да се школуваат“, се жали Демир.

Тешко е да си социјален случај

Mazedonien - Land und Leute

Скопје



Периодот на новогодишните празници по правило важи за еден од најубавите и највеселите во годината, но тоа не може да се забележи на ликот на Демир. Во 2010 година сака да најде пристојна работа која ќе му овозможи да живее нормално. Го радува фактот што веќе не му е потребна виза за да патува во Европа. Но, тоа само по себе е недоволно за пристоен живот.

Економската криза доминантен проблем

Беспарицата и годинава е клучниот проблем кој ги тишти македонските граѓани. Економската криза очигледно удри силно по нивниот џеб. Иако се радуваат на укинувањето на визите, со доза на песимизам гледаат кон иднината. На 2009. ќе се сеќаваат како на година на турбуленции. Во 2010 година сакаат повеќе здравје и малку повеќе пари за пристоен живот.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска