1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Коневска Трајковска: Добивме позитивни сигнали од Брисел

*

Европската комисија има позитивни оценки за напредокот на политичките и економските критериуми за членство на Македонија, тврди македонската вицепремиерка Габриела Коневска Трајковска. Пренесувајќи ги заклучоците од последниот комитет за стабилизација и асоцијација кој се одржа на 14 месецов, Коневска изјави дека Брисел го пофалил политичкиот дијалог и владините заложби за привлекување странски инвестиции. Критиките се за бавното темпо на судските реформи, монополот во телекомуникациите и поволностите кои Македонија ги дава во слободните индустриски зони. Врз основа на позитивните сигнали од Брисел, Коневска Трајковска очекува позитивна одлука за датум за преговори до крајот на годинава.