1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кондолиза Рајс на Блискиот Исток

Американската шефица на дипломатијата Кондолиза Рајс утрото допатува во Рамала, на западниот Берг, каде што треба да се сретне со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас.

Кондолиза Рајс

Кондолиза Рајс

Воочи доаѓањето на Западниот брег, Рајс рече дека Вашингтон е подготвен да помогне во мировниот процес на Блискиот Исток, но дека ќе биде најдобро ако Израелците и Палестинците сами се договорат на утрешната средба во Египет.

,, Многу сме горди на средбата меѓу Шарон и Абас. Ова е едно надежно време, но исто така и голема одговорност за сите нас, за да се увериме дека работиме на забрзување на мировните преговори," рече Рајс пред утрешната иёраелско палестинска средба, прва по четиригодишен застој на мировните обиди.

Како што јавија агенциите, американската шефица на дипломатијата, го одминала гробот на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат.