1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кондолиза Рајс, наследник на Колин Пауел!?

Кондолиза Рајс, советник за национална безбедност на претседателот на САД, најверојатно ќе го замени Колин Пауел на функцијата државен секретар, кој вчера објави дека се повлекува од оваа функција. Покрај Пауел, од своите функции се повлекоа уште тројца министри од американската администрација

Ќе го наследи на функцијата, Кондолиза Рајс и Колин Пауел

Ќе го наследи на функцијата, Кондолиза Рајс и Колин Пауел

Колин Пауел, е првиот висок функционер во американската администрација, кој се повлекува по резиборот на Џорџ Буш на местото претседател на САД. Шефот на американската дипломатија, според информациите, вчера објавената оставка му ја доставил на Џорџ Буш уште во петокот. Колин Пауел и покрај оставката, останува на функцијата во наредните два месеца додека и формално не биде сменет.

„Изминативе недели и месеци претседателот Буш и јас разговаравме за надворешната политика и за тоа што треба да се направи на крајот од првиот мандат. Дојдовме до договор дека би било погодно за мене да заминам во ова време. Не заминувам денеска. Само ја поднесувам мојата оставка и очекувам да работам целосно на мојата функција до денот кога ќе заминам од неа„ изјави Колин Пауел кој додаде дека му било задоволство да работи во повеќе светски организации:

„Во секоја од овие работи, имаше големи и мали достигнувања. И она што треба да го научите да го работите во владата и во животот е да работите низ проблемите, да се соочите со кризите и предизвиците, тоа е начинот на кој јас се трудев да го живеам животот во јавната администрација„

Оддавајќи му признание за досегашната работа, Џорџ Буш оцени, дека Пауел е една од големите личности на државната служба на американската ера. Според Буш, Пауел е војник патриот и дипломат кој многу придонел за формирање две коалиции кои ослободиле пчовеќе од 50 милиони луѓе во Авганистан и Ирак.

Колин Пауел, според информациите на неговата функција ќе го наследи Кондолиза Рајс советник за национална безбедност на на претседателот на САД. Џорџ Буш планира функцијата на Рајс да ја превземе Стефен Хадли

Оставката на Пауел предизвика и повеќе реакции на политичарите н из светот. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер за својот колега изјави:

„На прво место сакам да му заблагодарам на Колин Пауел за соработката. Таа не беше само професионална соработка на двајца министри, туку секогаш беше проникната и со пријателство. Тој како војник многу добро ја познаваше нашата земја што исто така се слеваше во соработката, која дури и во најтешките моменти беше отворена, сакам да му посакам се најдобро во иднина„ рече Фишер

За британскиот министер за надворешни работи Џек Строу, Пауел бил неуморен во својата работа:

„Јас гледав човек кој беше неуморен во работата за САД, за НАТО и северноатлантската алијанса. Неуморен во борбата за мир во светот. Голем војник, голем државник. Ти благодарам многу, рече Строу

Генералниот секретар на Арапската Амр Муса лига жали заради оставката на Пауел:

“Жалам заради оставката на секретарот Пауел. Тој знаеше како да работи со пријателите и сојузниците и како да се соочи со главните проблеми на блискиот исток“

Белата Куќа, покрај оставката на Колин Пауел објави и оставки на тројца министри, за земјоделство енергетика и обраазование. Стејт Департментот ја најави и оставката на заменикот на Пауел, Ричард Армитаж.