1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кондолиза Рајс го поддржува Израел во мерките за Појасот Газа

Израел го прогласи Појасот Газа за “непријателска територија“ и со тоа го отвори патот за санкции и казнени мерки.

default

Шефицата на дипломатијата Ципи Ливни и премиерот на израелската влада Ехуд Олмерт

Ова вчера го објави министерката за надворешни работи Ципи Ливни во присуство на ресорната колешка од САД, Кондолиза Рајс. Ливни појасни дека тоа е рекација на израелската влада на повеќекратното ракетирање на израелски градови од страна на радикални палестински групи од Појасот Газа.

Очекувањата на Израел за подобрување на безбедносната ситуација со повлекувањето од Појасот Газа не се остварија. Наместо тоа Појасот Газа стана жариште на радикали кои постојано ја загрозуваат безбедноста на Израел со т.н. касам ракети, порача министерката за надворешни работи Ципи Ливни:

“Нашата денешна одлука го прогласува Појасот Газа за непријателска територија, а тоа значи дека ќе ги задоволуваме хуманитарните потреби, но се‘ што оди преку тоа нема повеќе да го испорачуваме...“

Мерките што ги донесе израелскиот кабинет во случај да продолжи ракетирањето од Појасот Газа се поделени во неколку степени: прво што ќе стори Израел при следното ракетирање ќе биде прекин на снабдувањето со електрична енергија за Појасот Газа. Вториот степен на казнените мерки подразбира прекин на испораките на бензин и гас. Потоа ќе се редуцира граничниот промет, така што ќе останат само испораките на прехрамбени производи и лекови. Минувањето лица преку границата исто ќе биде комплетно блокирано.

На прашањето дали ваквите заклучоци на израелскиот кабинет имаат поддршка од САД, шефицата на Стејт департментот Кондолиза Рајс на заедничката прес конференција со Ципи Ливни изјави:

“Не е никаква тајна дека САД го прогласија движењето Хамаз за терористичка организација.“

Хамаз имено од летоска ја презеде контролата врз Појасот Газа.

Рајс нагласи дека нејзината влада нема да ги остави на цедило беспомошните Палестинци во Појасот Газа, туку ќе ги продолжи хуманитарните пратки. Исто така за Појасот Газа ќе важи и секоја спогодба што ќе се постигне за Западниот брег.

Портпаролот на Хамаз во Газа оцени дека станува збор за објава на војна од страна на Израел. Тоа ќе доведе само до зближување на редовите на палестинските групи, порача Бархум:

“Ние од Хамаз ќе ги преземеме сите можни напори за да му пружиме поддршка на секој вид отпор против ваквата агресија и за да ги заштитиме нашите права.“

Околу 1,5-те милиони Палестинци во Појасот Газа се потполно зависни од соработката со Израел.