1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Конгрес на СДСМ за пратеничките листи

Опозицискиот СДСМ на конгрес во Скопје ги утврдува своите пратенички листи. Крајниот рок за предавање на листите до Државната изборна комисија, според Изборниот законик, е 5 мај .

Седиштето на СДСМ

Седиштето на СДСМ

Во коалиција со СДСМ остануваат Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски, Либералната партија со новиот лидер Ивон Величковски, а во новиот анти-владин блок е и ПЕИ на бизнисменот Фијат Цановски, кој досега беше во таборот на власта, но сега иниситира да се институционализира ново малцинство - торбеши, Македонци со муслиманска вероисповед. Не е исклучено и двајца новинари од ТВ А1 да бидат пратенички кандидати на високо рангирани места, или како што се вели, победнички за влез во парламентот. Тоа, на одреден

Радмила Шеќеринска: Тоа што го знам и‘ се на располагање на СДСМ и на Македонија

Радмила Шеќеринска: Тоа што го знам и‘ се на располагање на СДСМ и на Македонија

начин, е реванш на опозицијата кон медиумската поддршка што ја доби од телевизијата и трите весници на Велија Рамковски. СДСМ го започнува својот конгрес, зад затворени врати, со долга седница на партискиот врв.

Лидерот Црвенковски нема да се најде на кандидатските листи и во метрополата, на премиерот Никола Груевски ќе му се спротивстави најверојатно Радмила Шеќеринска. Како што е познато, таа еднаш во 2008 година изгуби од него. Таа би била нов премиер доколку СДСМ победи, а Бранко Црвенковски само ќе ја предводи изборната кампања.

„Мојата енергија и ентузијазам, тоа што го знам и‘ се на располагање на СДСМ и на Македонија. Знаете, луѓе кои не се подготвени да влезат во една игра, во една борба за да направат подобро на оваа држава, па макар и да платат одредена цена и да се носат со одредени ризици, не треба да влегуваат во политика“, изјави Шеќеринска, во единствениот досега медиумски настап откако беше промовирана како водач на новиот тим на социјалдемократите.

Се позиционира и позицијата

Од партиите досега само ВМРО-НП ги соопшти водачите на парламентарните листи, при што екс-премиерот Георгиевски и неговите тогашни министри - Додовски и Балковски, се на првите места во три, од 6-те изборни единици.

Досега само ВМРО-НП ги соопшти водачите на парламентарните листи

Досега само ВМРО-НП ги соопшти водачите на парламентарните листи

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја зајакнува досегашната коалиција, при што во неја останува ДОМ, или македонските зелени како што почнаа да се самонарекуваат, а истовремено во сојуз со Никола Груевски е и Демократскиот спојуз на Павле Трајанов:

„Ние имаме стратешки договор со ВМРО ДПМНЕ од 2005 година. Сметаме дека во изминатите пет години се постигнати добри резултати во сите области. Ќе одиме заедно“, изјави на денешната прес-конференција Трајанов.

Во албанскиот блок, ДУИ и ДПА, во наредните два дена ќе ги соопштат своите кандидатски листи, а битката ќе ја водат во скопско, тетовско-гостиварскиот крај и кичевско, каде е концентриран електоратот на Албанците. За нивна поддршка уште ќе се борат и лидерите на двете други партии на Албанците, Османи и Селмани.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска