1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Конгрес на германските зелени

Германските зелени од партискиот конгрес во Нирнберг упатија повик за запирање на патот да се стане држава во која ќе се врши превентивно набљудување и да се зајакнат гераѓанските права. безбедноста не смее да стане државна доктрина во Германија, под која ќе се пдоредува се‘ останато, се вели во заклучокот од конгресот на Зелените. Шефот на партијата на зелените, Клаудија Рот големата коалиција ја опиша како погребник на демократијата и повика на отпор. Инаку, зелените вчера, договорија концепт со наслов “Зелена пазарна економија“. Во средиштето на овој концепт се заштитата на климата и на природата, штедлив однос кон ресурсите и создавање работни места. Што се однесува до социјалната политика, дееегатите на конгресот застанаа зад партиското раководство. Тие го одобрија моделот предложен од претседателството на партијата за т.н. “Основно осигурување ориентирано според потребите“. Тоа, меѓу другото, предвидува, значително зголемување на помошта за невработени.