1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Конгрес на германските зелени

*


Партијата на зелените во Германија има намера да го заостри својот економски и социјален профил. На партискиот конгрес во Нирнберг договорен е концепт со наслов “Зелена пазарна економија“. Во средиштето на овој концепт се заштитата на климата и на природата, штедлив однос кон ресурсите и создавање работни места. што се однесува до социјалната политика, длеегатите на конгресот застанаа зад партиското раководство. Тие го одобрија моделот предложен од претседателството на партијата за т.н. “Основно осигурување ориентирано според потребите“. Тоа, меѓу другото, предвидува, значително зголемување на помошта за невработени. Денеска зелените на конгресот во Нирнберг треба да разговараат за внатрешната безбедност и граѓанските права.