1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Конгрес за женски футбал во Келн

Иако тие веќе 40 години играат фудбал и покажуваат и завидни спортски резултати, како што се повеќе титули на европски прваци, два бронзени олимписки медала во Сиднеј и Атина и првото место на Светското првенство во 2003-та, во Германија не може да се говори за етаблиран женски фудбал.

default

„Иднината на фудбалот е женска!„ – порача претседателот на Светската фудбалска асоцијација, Сеп Блатер. Овие зборови станаа и мото на Првиот конгрес на жени фудбалери во Германија, на кој копретседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Тео Цванцигер, изјави:

„Времето е сега зрело за значително зголемување на учеството на девојките во нашите фудбалски клубови. Ние од раководство на Фудбалскиот сојуз сторивме се за да го свртиме вниманието кон фактот дека девојките можат исто така добро да играат фудбал како и момчињата.„

Но, научниците за проучување на спортските феномени и социолози, како што е професорот Кристијан Воп од Универзитетот во Оснабрик, посочуваат факти кои зборуваат друга прикаска. До сега од вкупно 3,5 милиони ученички со фудбал се занимаваат само 220.000:

„Имаме околу 5% девојки кои играат фудбал, кај машките тоа изнесува 38 насто. Но, проценувам дека во наредните години бројот би можел да се удвои, со што би се продолжил трендот од последните 5 до 8 години„ – нагласува професорот Кристијан Воп.

Тој исто така смета дека најголемиот потенцијал лежи кај доселеничките. Како и да е, оној кој верува во многу ветувачкото мото на Конгресот во Келн дека иднината на фудбалот носи женски лик, очигледно ќе мора да се стрпи. Впрочем, таквите проценки ќе имаат многу поголеми шанси кога за прв пат на претесдателската фотеља во германскиот Фудбалски сојуз ќе седне една жена:

„Во фудбалот ништо не е незамисливо...„ – ја прокоментира ваквата теза еден од двајцата копретесдатели на Сојузот, Тео Цванцигер.