1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конгресот на Комунистичката партија на Кина избра нов Централен Комитет

На крајот на партискиот конгрес на владејачките комунисти во Кина, 2.270 делегати избраа нов Централен Комитет и усвоија нови идолошки насоки за партијата.

Со заклучоците на Конгресот на Комунистичката партија на Кина официјално е започната првата промена на врвното раководството на партијата но и на државата по цели десет години. Меѓу 200-те новоизбрани членови на Централниот Комитет се и потпретседателот на Кина Си Јинпинг и потпретседателот на владата Ли Кечианг.

Во четврток Централниот Комитет треба да го избере новиот состав на најважното политичко тело во земјата, Политбирото како и Постојаниот комитет на Политбирото. Се очекува Си Јинпинг најнапред да го наследи претседателот Ху Џинтао како шеф на партијата. Во март наредната година Си треба да ја преземе и функцијата на шеф на државата. Ли Кечианг пак важи за наследник на премиерот Вен Џиабао. Ново раководство истотака треба да остане на функцијата за период од десет години.