1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конвој воени либиски возила пристигна во Нигер

Голем конвој на либиски воени возила, според наводи на припадници на армијата, пристигнал во Нигер. Се шпекулира дека е можно со конвојот во Нигер да пристигнал и либискиот властодржец Моамер ел Гадафи.

default

Либиски бунтовници кај Бани Валид

Повеќе од 200 возила биле придружувани од страна на армијата на Нигер и во пустинскиот град Агадез пристигнале вчеравечер. Соработник на француската армија изјави дека бил известен оти е можно на конвојот, кој е на пат за Буркина Фасо, да му се приклучат и соборениот либиски властодржец Моамер ел-Гадафи и неговиот син Саиф ал-Ислам. Буркина Фасо е сосед на Нигер и му понуди на Гадафи и на неговото семејство азил. Претходно, портпарол на Гадафи изјави дека поранешниот властодржец и натаму е во Либија и дека е во добра состојба. „Се‘ уште сме моќни“, изјави портпаролот Муса Ибрахим за сириската телевизија „Араи“.

Во меѓувреме, арапската телевизија Ал Џазира, повикувајќи се на бунтовнички извори, јави дека силите на Предониот либиски совет ќе влезат во градот Бани Валид во текот на денот. Градот е едно од последните упоришта на силите на Гадафи.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски