1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Кому му требаат Британците во ЕУ?

Британскиот премиер Дејвид Камерон најави референдум за членството во ЕУ. Претседателот на Европарламентот Мартин Шулц за ДВ истакна дека ниту една држава не може да опстане сама- тоа правило важи и за Британија.

ЕУ 2013 година ја прогласи за „Европска година на граѓаните“ и со тоа повторно се обидува да ги заинтересира своите граѓани за ЕУ. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц вели дека е голем предизвик да му се објасни на еден скептичен Британец вредноста на Унијата. „Сметам оти тоа е преголем залак за Велика Британија, но и за другите држави во ЕУ. Тоа е задача која може да ја изврши само Брисел ако во име на своите држави- членки настапи како силна политичка сила. Тоа важи и за Германија, но и за Велика Британија. Последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека 60 проценти од Британците под 30 години се за останување на земјата во ЕУ.“

Камерон сепак во право?



Мартин Шулц истакнува дека покрај бројните критики на сметка на ЕУ, Камерон е сепак во право за едно прашање: „ЕУ мора да стане подемократска. Тоа значи, што и да реши ЕУ, неопходна е и согласност од парламентот. Тоа подразбира јакнење на Европскиот парламент. Но всушност на тоа му се спротиставува британскиот премиер Дејвид Камерон. Значи, тој покажува со прст на проблемот кој сам го предизвикал.“

Шулц против должничката унија

Претседателот на ЕП Мартин Шулц не верува дека Британија ќе ги блокира сите намери на ЕУ. „Да ги земеме на пример преговорите за финансиско планирање до 2020 година. Тука веќе не е толку важен ставот на Велика Британија, туку борбата на шефовите на државите и владита од ЕП. Тука морам да кажам: Неколку влади, а меѓу нив и германската, се подготвени да го прифатат должничкиот буџет за да ја задржат Велика Британија во ЕУ. Но, јас тоа нема да го поддржам. Имаме индиции дека наредниот седмогодишен буџет би имал дефицит од 60 милиони евра. Ако до сега на едно ниво немаше долгови, тогаш тоа беше Брисел. Можеме да разговараме за штедење. Но не сум подготвен да зборувам за дожничката унија. Ако тоа би била цената за останување на Камерон во ЕУ, на тоа ќе речам НЕ.“

ЕП кај овие преговори за финансиско планирање првпат би можел да спречи да се реализира копромис помеѓу шефовите на државите и владите.