1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кому му припаѓа ирачката нафта?

Иако се тврдеше дека САД му објавија војна на Ирак за да обезбедат контрола над нафтата, 35 нафтени компании, меѓу нив повеќето американски, ги повлекоа понудите на јунската аукција за експлоатација на изворите на нафта.

default

Работник во рафинеријата во близина на Басра, Ирак

Причината за воздржаноста на големите нафтени компании е тоа што Ирак има сопствени идеи за поделба на приходите кои не се во согласност со плановите на „нафташите“. Компаниите би добивале по два долари за барел и не би учествувале во поделбата на добивките. Освен тоа, експлоатацијата на нафтата останува во рацете на државата, а веќе нема ниту политички отстапки, вели министерот за нафта Хусаин ал-Шахристани:

„Ерата на Садам е минато. Во нашите одлуки нема да има никакви внатрешни или надворешни отстапки.“

Министерот признава дека САД се обидувале да добијат пристап до експлоатацијата на нафтата, но таквите понуди биле решително одбиени:

„Не велам дека во САД нема луѓе кои би сакале да ни‘ даваат совети и изнесуваат разни предлози. Но, во министерството за нафта не ги цениме таквите совети и им одговараме дека самите знаеме што е најдобро за нашиот народ, а кога ќе ни‘ затреба совет, ќе го побараме“.

Резервите на ирачка нафта - трети во светот

Plakat von Demonstranten gegen die Irak Geberkonferenz in Madrid, USA saugt Öl aus dem Irak ab

Американците се откажаа од тендерите за ирачката нафта

Се проценува дека резервите на нафта во Ирак изнесуваат 115 милијарди барели, и дека постојат други неоткриени извори со кои Ирак би можел да стане најголемиот производител во светот. Инаку, поради низата војни, најпрво со Иран, првата и втората Заливска војна и санкциите од ОН, производството е опаднато, машините се застарени и денес дневно се вадат два милиони и 300 илјади барели - што е на нивото од 2003 година.

Но, од странското техничко знаење, поважни се политичките одлуки. Имено, најголемите извори се на шиитскиот југ и курдскиот север и никој не сака тие приходи да ги дели со сиромашните Сунити. Затоа, се‘ уште не е усвоен законот за нафта.

Голем проблем е и корупцијата. Според податоците на Транспаренси интернешнл, Ирак е на 178-то место од 180 држави. Проблемите се бројни. Нафтата се шверцува, црниот пазар цути, исчезнуваат стотици милиони евра. Поранешниот министер Фадил Кабили вели:

„Ако владата е слаба, тогаш сите ја доведуваат во прашање - Курдите, Арапите, разните провинции. Имено, секој би сакал да ја контролира нафтата во својот дел од земјата.“

Автор: Петер Филип / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска